Прекинат 38. Охридски маратон поради силен ветер и високи бранови

t

Поради силен ветер и големи бранови, денеска во 14:30 часот беше прекинат 38. Охридски пливачки маратон, соопшти главниот судија Марјан Бошалевски. Трката беше сопрена во близина на хотел „Гранит“, откако временските услови предизвикаа проблеми кај натпреварувачите.

На маратонот учествуваа 16 пливачи од Македонија, Аргентина, Италија, Португалија, Србија и Полска. Стартуваа од Свети Наум, а целта беше на Охридското пристаниште по патека долга 25 километри.

По сублимирање на резултатите, ќе биде прогласен победникот, согласно правилата на натпреварот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 11 МИЛИОНИ во џебот на Маратон…

Државната лотарија на Република Македонија склучи договор…

По една деценија ЈСП се ослободува од…

По долги години ЈСП конечно се ослободува…