По една деценија ЈСП се ослободува од “бонбона-бизнисот” на Јанушев: Се губеле илјадници евра месечно, овојпат парите ќе одат во претпријатието наместо во приватен џеб!

t

По долги години ЈСП конечно се ослободува од “бонбона-бизнисот” на поранешниот директор на ЈСП, Игор Јанушев и неговиот скандалозен договор со фирмата “МАРАТОН”.

– Сакам да појаснам дека одделот за маркетинг во ЈСП е одамна укинат, оттука произлегува дека ЈСП има проблем сам да ги стопанисува производите. Ние, бидејќи тоа се значајни средства за јавното претпријатие, подготвуваме јавен повик кој ќе се објави јавно оваа недела, по закон во три весници, се надеваме дека ќе предизвика интерес во јавноста и ќе ги изнајмиме постојките.

Тоа истото треба да го направиме во периодот што следи и со жичарницата од Средно Водно до крстот, истакна во одговор на советничко прашање в.д директорот на ЈСП, Крсте Петревски.

Претходно, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, откри како поради договорот на Јанушев со “Маратон” градот месечно губел илјадници евра приходи.

– Кога сакаме да зборуваме за криминал, еве имам и јас една слика тука, еден господин поранешен директор на претпријатието, кој потпишал договор да ги брендира сите автобуси на ЈСП и кадешто на Градот ќе му плаќала ФАСЦИНАНТНИ 7000 ДЕНАРИ ФИРМАТА ” Маратон”, тука на сликата е и сопственикот. И за тие 7000 денари за ЈСП тие инкасираат по 2000 евра по автобус или отприлика ЈСП поради ваквите штетни договори потпишувани на 10 или повеќе години губи милиони, директно сте одговрни за загубите на ова претпријатие, истакна тогаш Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЈСП: Нема да дозволиме политичките интриги да…

Од рано изутринава автобусите на ЈСП Скопје…

Јавниот превоз во Скопје функционира нормално, вработените…

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово…

(Видео) Африм Муча во живо за Инфомакс:…

Африм Муча, претставник на еден од синдикатите…

(Видео) Овој срам не се пере! ДПМНЕ…

Советот на Град Скопје после денешната сага…

Јанчева: За глава ќе ве скрати Мицкоски…

За глава ќе ве скрати Мицкоски ако…