Преку два милиони евра општински пари легнале на сметката на фирма во која Мицкоски имал удел
“Нови лица” и “чесни кадри” но стара шема на делење тендери, особено кога треба да се поткрепи лидерот и фирмите во кои тој има удел. Мицкоски очигледно се води по старата “не гледај што правам, слушај што зборувам” бидејќи фирми блиски до него, односно фирми во кои тој самиот има удел добиле вкупно 117.840.256 (сто и седумнаесет милиони осумстотини и четириесет илјади двесте педесет и шест денари) од општините со кои управуваат неговите градоначалници.
Во претходните две недели Инфомакс објави ексклузивни информации најпрво за 390 милиони денари тендери со кои “вмровските” градоначалници од десетина општини “го частеле” Енерџи Деливери Солушнс на Кочо Анѓушев. Една третина од општините со кои раководи ВМРО на Мицкоски , односно дури 16 општини со вмровски градоначалници склучиле договор и со компанијата „Пуцко Петрол“ за набавка на горива. Градоначалниците на Мицкоски на Јахоски му доделиле тендери во висина од над 615 илјади евра или поточно 37.598.044 милиони денари.
Денеска, објавуваме ексклузивни информации за компаниите ЕЛТРА и ЕНЕРГОМОНТ кои во периодот од 17.10.2021 до 11.07.2023 година од општините добиле дури 117.840.256 денари.
Интересно е што уште пред пет години, Мицкоски беше запрашан дали има удел, поточно дали има удел од седум проценти во ЕНЕРГОМОНТ, фирма која како што ќе можете да видите подолу добила тендери од речиси 96 милиони денари.
Еве кои општини му биле верни на лидерот и колку:
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА:
Договор за Ревитализација и реконструкција на фекална канализација за дел од ул. Модест Мусоргски склучен на ден 17.02.2023 во вредност од 325.261,10ден. Потпишан Бобан Стефковски.
Договор за Изградба на сообраќајна инфраструктура -сливници во Хиподром 2 склучен на 27.12.2022 во вредност од 1.081.788,60ден. Потпишан од Бобан Стефковски.
Потпишан од Бобан Стефковски. Договор за Зимско одржување на улици и патишта на територијата на Општина Гази Баба за период од 2 (две) години склучен на ден 24.11.2022 во вредност од 6.000.000,28ден.
Договор за Изградба на сервисни улици со комплетна инфраструктура во комплекс EAST GATE прва фаза во 2 год (дополнување на сервисните улици и инфраструктура заради измени и дополнување во основниот проект) склучен на ден 01.12.2021 во вредност од 18.933.109,49ден потпишан од Бобан Стефковски.
Вкупно од Гази Баба 26.340.158 денари.
ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ:
Договор за Изградба на фекална и атмосферска канализација во урбан и рурален дел на Општината склучен на ден 14.11.2022 во вредност од 2.999.631,39ден. Потпишан од Александар Стојкоски.
Вкупно 2.999.631 ден
ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА:
Договор за Реконструкција и изградба на системи за одведување и третман на отпадните води на територија на ОКВ склучен на ден 08.06.2022 во вредност од 44.999.999,74ден.
Договор за Реконструкција и изградба на капацитети за водоснабдување на територија на ОКВ склучен на 30.05.2022 во вредност од 21.500.000,02ден.
Вкупно од Кисела Вода 66.499.999 денари
ОПШТИНА СОПИШТЕ:
Догоор за Набавка и монтажа на водомери и друга опрема склучен на ден 23.05.2023 во вредност од 118.000,00ден потпишан од градоначалникот Стефче Трпковски.
Вкупно од Сопиште 118.000 ден.
Како што можете да видите, очигледно, градоначалникот на Кисела Вода му е најверен на лидерот, со само два тендери успеал да му даде 66.499.999 денари.
Но градоначалниците не застанале само на оваа фирма, компанијата ЕЛТРА исто така добила тендери во вредност од 21.882.468 ДЕНАРИ.
ОПШТИНА АЕРОДРОМ:
Договор за Одржување на јавното осветлување на територија на Општина Аеродром за потребите на ЈПСЈО склучен на ден 07.04.2023 во вредност од 6.254.000,00ден. Потпишан од в.д директор Благоја Ѓорѓевски.
Договор за Одржување на јавно осветлување на територија на Општина Аеродром склучен на ден 20.04.2022 во вредност од 5.605.000,00ден потпишан од Тимчо Муцунски.
Вкупно од Аеродром 11.859.000 ден
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА:
Договор за Изградба на нови ормари за постоечки линии за улично осветлување надвор од трафостаница како и нивно приклучување , како приклучок на постоечките ормари на мрежата на трафостаницата склучен на ден 05.01.2023 во вредност од 2.191.071,20ден. Потпишан од Бобан Стефковски.
Договор меѓи ЈКП Гази Баба за Набавка на материјали суровини и делови потребни за одржување на уличното осветлување на Општина Гази Баба склучен на ден 29.08.2022 во вредност од 1.180.000,00ден. Потпишан од директорот Игор Атанасовски.
ЈКП Гази Баба договор за Набавка на материјали суровини и делови потребни за одржување на уличното осветлување на Општина Гази Баба склучен на ден 29.08.2022 во вредност од 3.028.547,88ден потпишан од В.Д директорот Добри Петров.
Договор за Изградба на сервисни улици со комплетна инфраструктура во комплекс EAST GATE прва фаза во 2 год (дополнување на сервисните улици и инфраструктура заради измени и дополнување во основниот проектот) склучен на ден 01.12.2021 во вредност од 3.623.850,21ден потпишан од Бобан Стефковски.
Вкупно од Гази Баба 10.023.468 ден.
Што би рекол народот, Господ прво себе си дал, иако е неблагодарно да го мешаме Бог во вакви теми, сепак и Мицкоски по тој принцип прво себе си дал тендери. Градоначалниците и директорите кои ги критикуваа нивните претходници дека се криминалци, а не поднесоа ниту една кривична пријава за нив, сега создаваат материјал за кривични од некои нивни, посовесни наследници, доколку и тие не им делат тендери на нивните лидери.
Не било доброто на народот тоа за што биле загрижени во општата “тепачка” по штабови кога се бираат кандидати за градоначалници/советници, загрижени биле за медот, колку, од каде и во чиј џеб да капне…
Вие скенирајте фискални и карајте се со роднини дека едните или другите се подобри, во суштина се расправате и поддржувате две страни (која од која покриминална) на една иста паричка…
Пишуваат: Александар Митовски, Александра Петровска
Во продолжение линкови од претходните текстови во серијалот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Mицкоски: Ветивме милијарда, но сега ни се…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри зошто кога…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…