Преку системот за итна помош Луксембург транспортираше повредени од Кочани во Хрватска и Унгарија

Преку својот систем за итна помош, Луксембург спроведе медицински евакуации на повредените од пожарот во дискотеката во Кочани, координирајќи летови до Унгарија и Хрватска, пишува РТЛ.
Најмалку 59 лица загинаа, а над 150 беа повредени во пожарот, што предизвика меѓународен итен одговор. Од 140 хоспитализирани жртви, 51 беа префрлени во болници во странство, вклучително во Грција, Турција, Србија и Бугарија.
Четворица пациенти беа евакуирани со поддршка од Големото војводско противпожарно и спасувачко тело на Луксембург (CGDIS), во координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Двајца повредени беа транспортирани во Унгарија, а двајца во Хрватска за специјализиран медицински третман.
Медицинските евакуации беа извршени од страна на “Luxembourg Air Rescue”, користејќи часови на летот распределени според системот „emergency.lu“. Операцијата беше кофинансирана од Министерството за надворешни работи на Луксембург и Европската Унија преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
СДСМ: Дали актуелните командири, инспектори и раководството…
„Скандалозно е ова што го прави власта.…
Бошковска: Младите од Кочани страдаат од панични…
Откако трагедијата во Кочани ги потресе локалните…
Ова е таа селективна праавда? Зошто актуелни…
24 лица се во притвор, 30-тина се…
(Видео)Одговорни за нелегалниот објект се МВР кои…
Министерот за економија Бесар Дурмиши на денешната…