Објавено на:

Преку 60 отсто од Германците веруваат дека по заминувањето Меркел, ситуацијата во земјата се променила на полошо

t

Истражувањата покажуваат дека дури 61 отсто од Германците веруваат дека по заминувањето на Ангела Меркел, ситуацијата во земјата се променила на полошо. Сега мнозинството Германци позитивно го доживуваат владеењето на Меркел и за новите проблеми ја обвинуваат актуелната влада и нејзиниот шеф Олаф Шолц.

Ангела Меркел, првата жена канцеларка, во среда го слави својот 70-ти роденден. „Берлинер цајтунг“ забележува дека долгогодишното владеење на Меркел е историја веќе неколку години и дека Германците би можеле да имаат свој впечаток за тој период.

Повикувајќи се на истражувањето на агенцијата „Ју Гов“, пишува дека според на мнозинството Германци, ситуацијата во земјата по оставката на Меркел „не се промени на подобро“.

„Дури 61 отсто од 2.030 испитаници сметаат дека ситуацијата во земјата се развила негативно откако Меркел ја напушти политиката. Една четвртина сметаат дека нема големи промени. Повеќето од оние кои веруваат дека земјата оди од лошо во полошо, ја обвинуваат сегашната коалиција „семафор“.

За разлика од Меркел, нејзиниот наследник Олаф Шолц не покажува лидерски квалитети од 2021 година. Речиси една третина или 28 отсто од испитаниците главна причина за влошувањето на ситуацијата во Германија го нарекуваат лошото владеење на канцеларот Олаф Шолц, додека само 15 отсто сметаат дека за проблемите на Германија се виновни „надворешните фактори“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…