Премиерката на Нов Зеланд обвинува: Анти-ковид протестите се “увезен” феномен
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, вели дека анти-ковид протестите, кои сега влегуваат во својата втора недела, се „увезен“ феномен и ништо слично на она што досега го видела во земјата, пренесува Ројтерс.
Стотици демонстранти продолжуваат да ги окупираат тревниците пред парламентот веќе седми ден, игнорирајќи ги повторените повици на полицијата да си замине. Дури ни лошите временски услови не успеаја да ги избркаат демонстрантите.
Собирајќи инспирација од демонстрациите на камионџиите во Канада, демонстрантите во Нов Зеланд исто така блокираа неколку улици околу парламентот со своите камиони, комбиња и мотоцикли.
„Ова се ми изгледа како увезен протест“, изјави Ардерн за државната телевизија ТВНЗ.
„Видов знамињата на кои го пишуваше името на Трамп, а видов и канадски знамиња“, вели таа.
Ардерн на прес-конференција подоцна истиот ден рече дека демонстрантите побарале од владата да ги отстрани сите ковид мерки.
„Тоа значи дека во моментот кога гледаме зголемување на случаите и зголемување на ризикот за јавното здравје и благосостојбата на Нов Зеланд, тие сакаат да се укинат токму мерките што не одржаа безбедни, здрави и живи. Извинете, но тоа нема да се случи“, рече Ардерн.
Нов Зеланд е меѓу државите со најниските бројки на ковид случаи, главно поради строгите ограничувања.
Границите на земјата, сепак, сè уште се затворени со десетици илјади иселеници од Нов Зеланд разделени од семејствата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…
Светската здравствена организација објави дека повеќе од…
Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…
Бајден позитивен на Ковид
Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…
Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…
Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…
Зголемени безбедносни мерки во Чешка поради можен…
Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан…