Премиерот горд: На чекор сме до исполнување на ветувањето за 500 евра просечна плата
Владата на СДСМ е на чекор од исполнување на едно од најважните предизборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари, напиша денеска на својот фејсбук-профил премиерот Димитар Ковачевски.
Според него, мерките за раст на плати и добрите економски политки, овозможија и во услови на двегодишна пандемија платите континуирано да растат.
-Остануваме посветени на растот на прходите и поддршка на сите граѓани. Покрај платите растат и пензиите, а обезбедуваме и финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани во услови на криза. Преку 400 милиони евра се обезбедени за мерки кои значат повеќе приходи и полесно пребродување на економските предизвици со кои се соочуваме, напиша Ковачевски на Фејсбук.
Според податоците на Државниот завод за статистика кои беа објавени денеска, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока отколку во истиот месец лани. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Треба да се задолжам за да…
Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…