ПРЕМИЕРОТ СИ ИЗНАЈМИЛ ЦЕЛ АВИОН: Вие штедете на леб и млеко, тие трошат 200.000 ЕВРА за два часа!
Како се трошат 200.000 евра за два часа, ќе видите во продолжение.
Премиерот Мицкоски вчера беше во посета на Унгарија, од каде сподели „велелепни“ фотографии и видеа дека се сретнал со истите луѓе со кои веќе „стоти“ пат се гледа, ама некако мора да се презентира „меѓународна активност“ на врховниот лидер. Каква корист ќе имаат македонските граѓани од, како што би рекле во соседна Бугарија, „расотките“ на премиерот и дел од членовите на Владата ќе видиме, иако ист ефект би имало и со потрошени 10.000 наместо 200.000 ЕВРА!
Па да почнеме со ред. Премиерот овојпат се надмина себеси и наместо да си плати бизнис класа од Анталија до Будимпешта, реши да си изнајми ЦЕЛ АВИОН.
Се работи за авионот на FREEBIRD, со ознаки 9H-FHB со капацитет од 180 седишта, иако од владата отпатуваа 20-30 луѓе!

На принтскринот подоле, од десно, се гледа времето на полетување на авионот од Анталија, кога слетува во Скопје и како од Скопје, откако ги собира членовите на Владата заминува во Будимпешта. Дека се работи за истиот авион може да видите на принтскринот од левата страна, каде исто така има податоци за летот од Скопје до Будимпешта.


Колку чини изнајмување на авионот може да се види на самата веб-страница на компанијата.

Секако пермиерот истата релација можел да ја лета и со комерцијален лет што со авион на Визер на пример вкупно би чинело околу 10 до 15 илјади евра, колку што вкупно чинат 30-тина повратни авионски билети Скопје-Будимпешта. Дополнително, останатите членови на Владата кои не се премиерот можеле да одат и со друго превозно средство, а пример комбе, кое би било поевтина варијанта дури и од картите на Визер.

Дека се работи за истиот авион може да видите и на фотографиите во продолжение. Истиот авион се гледа на фотографиите кои Мицкоски ги објави на својата Фејсбук страница.


Инфомакс вчера вечер испрати прашање до директорот на СОЗР, Ивица Томовски, колку чинел овој луксуз на премиерот, со цел да се објават точни и проверени, а не претпоставени информации. Како и до сега, одговор не добивме.
И додека политичките божества од Владата изнајмуваат цел авион за да им биде удобно и комфорно, на собраниска говорница пермиерот и министерката за финансии ве убедуваат дека минималната синдикална кошничка е висока, дека не смеете да јадете грозје, не смеете да пушите цигари, а на вашите деца им е доволна една чаша млеко на ден, немора ни толку. Жените што немаат деца не смеат да поставуваат прашања за трошоци на едно семејство, минималната плата нема да биде 500 евра како што бараат синдикатите, ама 200.000 евра за два часа луксуз на Мицкоски е сосем нормален трошок.
Хотел, ручеци и останати трошоци во оваа сума не се пресметани.
Инфомакс денеска достави и официјално барање за информации од јавен карактер до Владата, за тоа колку вкупно чинеше оваа екскурзија на дел од Владата.
Обичен работник во државава кој живее со минимална плата треба да работи 40 години за да ги заработи парите што премиерот ги потроши за два часа…
Скенирај народе фискални, штедете на млеко и леб, пејте си ја Заветна, а може да ви текне и на едни други стихови.
„Ај пуст да е, пуст да би останал животот кучешки… Скотски цел живот работи за други, туѓи имоти…“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…