Објавено на:

Пренесувал муниција, осуммина се загинати: Детали за авионот што се урна во Грција

t

Српскиот министер за одбрана Небојша Стефановиќ денеска изјави дека авионот Антонов 12 што се урна во близина на Кавала, северна Грција, превезувал 11,5 тони муниција од српската наменска индустрија во Бангладеш, а во несреќата загинале осум членови на екипажот.

Стефановиќ на прес-конференцијата рече дека авионот на украинската компанија Меридијан ЛТД. полетал од Ниш синоќа околу 20:40 часот и превезувал муниција на српската компанија Валир за Министерството за одбрана на Бангладеш, биле планирани технички слетувања во Аман, Ријад и Ахмедабад, а требало да слета во Дака.

– Овој авион ги имаше сите соодветни дозволи, се во согласност со меѓународните прописи, рече Стефановиќ и додаде дека не се точни тврдењата на некои медиумите дека на тој лет се транспортирало оружје од Србија во Украина, оценувајќи ги како злонамерни и неточни

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција во иднина би можела да се…

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…

Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…

Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…

Хеликоптер се урна во морето во близина…