Пренџов: СДСМ и ДУИ бегаат од дебата за предлог мерки со кои значително ќе се намали финансискиот товар врз граѓаните и стопанството

t

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, во понеделникот до Собранието на Република Македонија достави два исклучително важни предлог закони. Со првиот Предлог-закон бараме намалување на акцизата на горивата за моторни возилата за 50% со што значително ќе се намали финансискиот товар врз граѓаните и транспортните компании. Со овие измени, цената на бензинот веднаш ќе се намали за 13 денари, а цената на дизел горивото за 9,5 денари. Со вториот Предлог-закон бараме до 31 декември 2022 година данокот на додадена вредност за производите за човечка исхрана и за топлинската енергија т.е. парното да бидат оданочени со 0%. Дополнително, бараме и ДДВ-то за електричната енергија да биде 5% и во остатокот од 2022 година, а не само до 1-ви јули оваа година бидејќи тие во законот предвидуваат ново покачување на ДДВ-то на 10%. Значи како што власта предвидува со постоечкиот закон, само со покачувањето на ДДВ ќе плаќаме повисока струја за речиси 5% од 1-ви јули оваа години.

Ова го истакна Љупчо Пренџов, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија.

-Ова се барања кои СДСМ и ДУИ во вторникот одбија да се разгледаат на пленарна седница. СДСМ и ДУИ бегаат од дебата за овие предлог мерки со кои значително ќе се намали финансискиот товар врз граѓаните и стопанството. Наместо веднаш да стапат на сила даночните олеснувања кон граѓаните и стопанството тие донесоа дневен ред со несуштински и неважни работи за граѓаните, но истовремено не заборавија да го стават Законот за полиција. Прашувам, што е поважно за граѓаните и стопанството? Дали законот за полиција со кој Оливер Спасовски ќе има можност да унапредува или деградира за цели три скалила вработени во МВР или е поважен животниот стандард на два милиони граѓани и целокупното стопанство, рече Пренџов и додаде:

„Бараме власта да се вразуми и веднаш да почне со превземање на мерки за справување со ценовните шокови што ги имаме и што не’ очекуваат. Власта мора да го намали ударот врз граѓаните и стопанството и токму затоа треба:
– Да ја намали акцизата за горивата за 50%;
– Да го намали ДДВ за производи за човечка исхрана од 5% на 0%;
– Да го намали ДДВ за топлинската енергија т.е. парно од 5% на 0%;
– Да го одложи зголемувањето на ДДВ за електричната енергија за најмлаку 6 месеци.
На граѓаните и бизнис секторот не им се потребни видео клипови од Илинденска, туку реални мерки кои ќе го намалат финансискиот товар кој е се’ поголем“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…