Препукувањата продолжуваат – СДСМ: На средина на февруари Мицкоски нема 61 пратеник
Од конститутивната седница на Собранието наваму пред 2,5 години, Мицкоски тврди дека овој владин парламентарен состав нема долго да трае, дека ќе следуваат брзи избори, дека избори ќе има напролет, само што немало предвремени избори, па најавуваше ново мнозинство, па распуштање на Собранието, соопштија утрово од СДСМ.
Според нив, ништо не се менува кај Мицкоски и тврдат дека го лаже своето членство и граѓаните.
-Еве среде февруари ниту Мицкоски има 61 пратеник, ниту има ново мнозинство, ниту распуштање на Собранието. И пред една година Мицкоски се сликаше со наводно мнозинство за да ја сруши Владата, па се потврди дека владеачкото мнозинство е стабилно.
Пуста желба за власт е барањето на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори. Дури и Собранието го блокираше и правеше насилни протести за да испровоцира избори, порачаа од партијата на власт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…