ПРЕСЕК НА ЦУК ДО 21 ЧАСОТ: Евакуирани 60 лица во Кичево, Вардар се излеа во Гостиварско, одрони на Стража и кај Гранит
Македонија вечерва се бори со последиците од обилните врнежи. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, информираше дека дежурните екипи на 112 и Секторот за операции континуирано ја следат состојбата. Најдраматично е во Кичево каде имало евакуација на население, а проблеми со излевање на реми и одрони се регистрирани низ целата држава.
Според официјалниот извештај на ЦУК за состојбата до 21:00 часот на 07.01.2026, критичните точки се следниве:
ДРАМА ВО КИЧЕВО: Евакуација во спортска сала
Најсериозна е состојбата во Кичево. Поплавени се станбени објекти на улицата „Прилепска“, што наложило итна реакција на надлежните.
Евакуирани: Вкупно 60 лица се извлечени од своите домови и привремено се сместени во спортската сала „Христо Узунов“.
ОХРИД И СТРУГА: Одрони на патот кон Пештани
Во охридскиот регион, водата навлегла во подруми, гаражи и дворови, каде интервенираат јавните претпријатија.
Одрон кај „Гранит“: На патниот правец Охрид – Пештани, кај хотел „Гранит“, има одрон на патот. Патот е прооден, но се очекува целосно расчистување на наносите во наредните час до два.
Струшко: Се расчистуваат свлечишта и одрони на патните правци Татеши – Мислодежда и Дебар – Струга.
ПОЛОШКИ РЕГИОН: Вардар се излеа, одрони на Стража
Гостивар – Стража: Има одрони на патот, но сообраќајот се одвива редовно.
Балин Дол: Реката Вардар се излеа и поплави 10 земјоделски парцели и дворови. Поради ова, намалено е производството на ХЕЦ Маврово.
Форино: Паднато дрво во коритото на Вардар создава ризик од поплава – екипа со моторна пила е на терен.
Тетово – Бањиче: Кај месноста „Цртаниот ѕид“ има свлечишта и одрони. Патот е расчистен со багер и соодветно обележан.
Боговиње: Поплавено е земјоделско земјиште поради затнат канал од изградбата на автопатот, но нема загрозени куќи.
БИТОЛА И РЕСЕН: Поплавена фарма и ниви
Покрај излевањето на Курделес во градот Битола (за што веќе информиравме), проблеми има и во околината:
с. Лера: Поплава кај мостот со опасност да се прошири кон селото.
с. Породин: Поплавена е живинарска фарма.
Ресенско: Во селата Перово, Дремени и Долна Бела Црква поплавени се дворови и ниви од дождовите, иако реките сè уште не се излеани.
АПЕЛ ОД ЦУК: Јавете се на 112
Директорот Али упати апел до сите граѓани да бидат исклучително внимателни. Сите надлежни служби се на терен.
„Доколку имате потреба или забележите проблеми, веднаш пријавете на бројот 112“, порачуваат од ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПРЕСЕК НА ЦУК ДО 21 ЧАСОТ: Евакуирани…
Македонија вечерва се бори со последиците од…
Врнежите предизвикаа ново свлечиште на патот кон…
Од Центарот за управување со кризи велат…
(Видео) Божиќно бебе во скопската Зоолошка градина
Празничната магија пристигна во скопската Зоолошка градина!…
НАПАДНАТИ СМЕ, ИСПУКАЈТЕ ТОРПЕДА, ПОТОПЕТЕ ГИ АМЕРИКАНСКИТЕ…
Москва „гори“ од силни реакции откако Вашингтон…
Зеленски вели дека Европејците не дале „недвосмислен…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не…