Објавено на:

НАПАДНАТИ СМЕ, ИСПУКАЈТЕ ТОРПЕДА, ПОТОПЕТЕ ГИ АМЕРИКАНСКИТЕ БРОДОВИ: Руски функционер бара одмазда кон САД, споменува нуклеарки

t

Москва „гори“ од силни реакции откако Вашингтон денеска заплени танкер што пловеше под руско знаме во Атланскиот Океан

Алексеј Журавлев, прв заменик-претседател на Комитетот за одбрана на Руската државна дума, рече дека САД доживуваат „еуфорија на неказнивост“ по апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и повика на директен воен одговор, објавија руските медиуми.

Журавлев го нарече американското запленување на танкерот „Маринер“ чисто пиратство и го изедначи со напад врз руска територија, со оглед на тоа што бродот пловеше под руско знаме. Според него, таков чин бара цврст и брз одговор.

– Ова несомнено бара цврст и брз одговор. Нашата воена доктрина дури дозволува употреба на нуклеарно оружје како одговор – истакна Журављов, додавајќи дека, според достапните информации, руска подморница и други воени бродови биле исто така во близина на танкерот.

– Напад со торпеда, потопување на неколку американски бродови на крајбрежната стража се единствениот начин да се запрат САД. Тие се во еуфорија, им треба шлаканица по носот – рече Журављов.

Танкерот „Маринер“ наводно бил поврзан со Венецуела, а американските сили го прогонуваа во Атлантикот повеќе од две недели. Руското Министерство за транспорт наведе дека на „Маринер“ му е издадена привремена дозвола за пловење под руското државно знаме на 24 декември 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром, тројца луѓе…

Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба…

На штипскиот УГД во првиот уписен рок…

Заврши пријавување на кандидатите за упис во…

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…

Полска ја предупреди Украина за последиците од…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Михаилов: Ова што ни се случува на…

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов…