Пресуда за „Плацеви на Водно“: Груевски, Мијалков и Камчев осудени на затворски казни
Попладнево Кривичниот суд во Скопје донесе пресуда за случајот „Плацеви на Водно, пресуда во која повеќе лица беа осудени на затворски казни.
Екс премиерот Никола Груевски судот го осуди за перење пари за што му утврди казна затвор од 5 години, но и за противправно стекнува и прикривање имот со казна затвор од 3 години или единтвена затворска казна за двете кривични дела од 7 години затвор.
Покрај тоа судот му изрече на Груевски и парична казна за противправно стекнување и прикиравање имот од 3500 евра.
Сашо Мијалков судот го прогласи за виновен за перење пари и други приноси од казниво дело на казна затвор од една година и три месеци во чија должина се пресметува и времето поминато во притвот.
Ристо Новачевски е осуден за перење пари и други приноси од казниво дело на условна казна затвор од две години.
Ненад Јосифоквиќ е оусден за перење пари и е осуден условно на казна затвор од две години доколку во рок од 5 години не го повтор ова кривично дело.
Јордан Камчев е осуден за перење пари на казна затвор од една година во која му се засметува времето поминато во притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…