Инцидент во КПУ „Шутка“ – нападнат командирот на затворот
Пред неколку часа во КПУ Затвор – Скопје (Шутка) имало расправија, а после и физички напад од страна на затворскиот полицаец Енис Мурат врз командирот – шеф на смена, кој моментално е во болница поради физички повреди.
Причина за нападот била критика од страна на командирот насочена кон пропустите во раководењето со затворот од страна директорот на КПУ Скопје, Филип Андов.
Инаку, директорот Филип Андов, како единствено работно искуство во неговата биографија има наведено само надворешен соработник за креирање на политики од посебен интерес за граѓаните на град Скопје на претседателот на Владата и тоа било доволно за Владата да го назначи за директор на исклучително безбедносно сензитивна институција.
Напаѓачот, затворскиот полицаец Енис Мурат, важи за десна рака и најблизок човек на директорот и иако нема никаква раководна функција, поради близината со директорот и неговата заштита манифестира така агресивно и дрско однесување кон колегите.
Од страна на нападнатиот и повреден командир била повикана полиција, но по нивното доаѓање поради интервенција на директорот на КПУ Скопје и директорот на Управата за извршување на санкции, на полицајците им било дадено насока делото да биде оквалификувано како вербална расправија, а не напад на службено лице или нанесување на телесна повреда.
За наведениот случај командирот има намера да поведе судска постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…