Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

t

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал, презема дејствија за расчистување на случајот.

Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси на четири локации поврзани со две приватни установи за социјална заштита на стари лица. Денеска се вршат претреси на уште две поврзани локации. До овој момент две лица се лишени од слобода.

На лице место, покрај претставниците од МВР и обвинителството, присуствуваат и инспектори од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, како и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во акцијата се вклучени и претставници од Центрите за јавно здравје, доктори од Итната медицинска помош и од Институтот за судска медицина и криминалистика.

Институциите продолжуваат со активности за утврдување на сите правно релевантни факти и евентуална одговорност во случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси во домови за стари лица во…

По добиени сознанија за можен нехуман третман…

Сијарто до Зеленски: Не можеш ти да…

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…

(Фото) Во престерелка пред Општина Куманово ранет…

Во пукање пред Општина Куманово денеска е…

Грција повторно пронајде сулфур диоксид во суво…

Грција издаде предупредување дека е пронајден сулфур…

На ГП Богородица запленети над илјада часовници…

Дури 1.158 парчиња часовници со потпис на…