Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман
По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал, презема дејствија за расчистување на случајот.
Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси на четири локации поврзани со две приватни установи за социјална заштита на стари лица. Денеска се вршат претреси на уште две поврзани локации. До овој момент две лица се лишени од слобода.
На лице место, покрај претставниците од МВР и обвинителството, присуствуваат и инспектори од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, како и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во акцијата се вклучени и претставници од Центрите за јавно здравје, доктори од Итната медицинска помош и од Институтот за судска медицина и криминалистика.
Институциите продолжуваат со активности за утврдување на сите правно релевантни факти и евентуална одговорност во случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брнабиќ со остар испад пред изборите: „Ова…
Пратеничката на Српската напредна партија (СНС) и…
Парното поскапува од 1 декември, сметките во…
Од 1 декември цената на топлинската енергија…
Утре започнува Божиќниот пост
Божиќниот пост започнува во сабота, на 28…
Радомир Саичиќ официјално е кандидат од Студентска…
Студентската листа официјално го претстави својот кандидат…
Штипјанец си ја нападнал својата 67-годишна сопруга
На 26.11.2026 во 16:20 часот во Штип,…