Претреси во Охрид, едно лице е приведено поради лихварство и изнуда
Полициски службеници од СВР Охрид и од Одделот за крим полиција-Сектор за општ и насилен криминал при МВР, по претходно издадена судска наредба, денеска извршија три претреси во Охрид и од слобода лишија едно лице од Охрид.
МВР соопшти дека претресите се извршени поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик и кривично дело „изнуда“ по член 258 од КЗ.
Се преземаат и дополнителни мерки и активности во координација со јавен обвинител, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандинавски Охрид: Отпад и муљ оставени на…
На почетокот на летната сезона, непријатни слики…
Дополнување: Нови детали за приведувањето за трагедијата…
Како дел од истрагата за трагедијата во…
ЕКСКЛУЗИВНО! ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД…
Како дел од истрагата за трагедијата во…
Турист прегазил пензионер од Охрид
Возач на „Мерцедес“ од Србија вчера во…
Приведен криминалец од Арачиново баран со потерница
Денеска (26.05.2025) околу 13:35 часот во с.Арачиново,…