Претреси кај роднина на Изет Меџити за фалсификување на документи и местење на тендери во Општина Чаир
Три лица од Скопје се под истрага за фалсификување документи и незаконско учество на јавни тендери, по акција спроведена од полицијата по наредба на Јавното обвинителство, објави Коха.мк.
Според извори на весникот, станува збор за лицата со иницијали Б.Г (39), В.Р и Н.С.Б. , кои биле уапсени, а потоа пуштени за понатамошна постапка. При претресите извршени во нивните домови, властите заплениле материјали и докази поврзани со истрагата.
Претресите кај лицата се за прекршување на членовите 378 и 380 од Кривичниот законик, кои се однесуваат на фалсификување документи и нивна употреба. Се истражува евентуално фалсификувале документација со која учествувале на тендери на државни институции, главно во Општина Чаир.
Весникот KOHA дознава дека еден од осомничените, 39-годишниот B.H., ја извршува функцијата раководител на сектор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој претходно бил ангажиран и во тимот на еден партиски лидер во главниот град. Властите соопштуваат дека истрагата е во тек и се очекува целосно да се расчистат околностите на овој случај.
Инфомакс дознава дека Б.Х е во роднински врски со поранешниот вице-премиер на Владата и актуелен градоначалник на Чаир, Изет Меџити.
На неговиот профил на социјалните мрежи има низа на објави поврзани со Влен и Меџити.



За „фалсификување на исправа“ Кривичниот законик предвидува парична казна или казна затвор до три години, додека за кривичното дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“ исто така е предвидена парична казна или казна затвор до три години.
Од ОЈО за Инфомакс потврдија дека се постапува во предистрага, меѓутоа нагласуваат дека подоцна ќе се дознае што ќе произлезе од претресите и за колку лица би започнала постапка.
– Основното јавно обвинителство Скопје, во координација со МВР, постапува за испитување на сомненија за сторени кривични дела по чл.361 од КЗ – „фалсификување на службена исправа“ и чл.380 од КЗ – „употреба на исправа со невистинита содржина“. Притоа беа обезбедени наредби за претрес од Основниот кривичен суд Скопје и во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси на две локации. – потврдија од ОЈО за Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претреси кај роднина на Изет Меџити за…
Три лица од Скопје се под истрага…
Нападнат возач на ЈСП во Чаир
Регистриран е инцидент во автобус на ЈСП…
МПЦ: Украден е бакарен лим од кров…
МВР информира дека вчера попладне во 17:25…
Малолетник нападна познаник со остар предмет во…
МВР информира дека рано утринава во 02:42…
Мотоциклист загина во Чаир
Мотоциклист го загуби животот вечерва во тешка…