МПЦ: Украден е бакарен лим од кров на црква во Чаир вреден над 2.500 евра
МВР информира дека вчера попладне во 17:25 часот во СВР Скопје, од Македонската православна црква – Охридска архиепископија е пријавено дека во периодот од февруари 2026 година до пријавувањето, од црквата „Св.Великомаченик Ѓорѓи“ на подрачјето на Чаир во Скопје бил одземен бакарен лим од кровот на црквата, при што сторителите се стекнале со противправна имотна корист од над 150.000 денари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Интензивно се работи на расчистување на…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска…
Клековски: Прободениот 13-годишник сѐ уште е во…
Тринаесетгодишното дете кое беше прободено со нож…
Определен притвор за едно лице за претепаниот…
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…