Претреси на подрачјето на СВР Штип, приведени четворица дилери на дрога
На 25.03.2022, полициски службеници од ОВР Виница ги лишиле од слобода Д.М.(22) и А.М.(18) од Виница. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.
Полициски службеници од ОВР Делчево, пак, во 20.50 часот во Делчево, го лишиле од слобода Н.С.(32) од Делчево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка, а нешто пред тоа, во 20.30 часот бил лишен од слобода и В.П.(32) од Делчево, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против сите ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
МФ: Намалени царинските стапки на 67 стоки…
Собранието денеска ги усвои измените на Законот…
НАД 216 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ИМААТ БУГАРСКИ ПАСОШИ!
Над 216 илјади пасоши, односно бугарски државјанства…
(Видео) Страшни пожари беснеат на грчкиот остров…
Вонредна состојба беше прогласена на третиот ден…