Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведени се три лица
Денеска (19.01.2024) во 00.30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода И.В.(34), С.И.(29) и 22 – годишната В.Д., сите од Штип.
При претрес во домот на И.В., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати С.И. и В.Д., биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од бела грутчеста материја.
И.В. бил задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбојник нападнал и ограбил девојче во Штип
Во случај забележан во ист ден и…
Ќе ја казни ли некој Општина Штип…
Советникот во Советот на Општина Штип од…
(Видео) Ако не може општината, може Левица:…
Членовите на локалниот огранок на Левица во…
Жена ограбила книжарница во Штип
На 30.05.2025 година во 17.50 часот во…
Приведен возач во Штип: Пијан удрил во…
На 30.05.2025 година во 19.39 часот на…