Претрес на МВР во Сарај: Пронајдени дрога, калашников и муниција
На 23.04.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје лишен е од слобода А.Ј.(32) од скопски Сарај.
При претрес на дом и други простории кај А.Ј., извршен по претходно добиена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Скопје, пронајдени се и одземени поголемо пакување марихуана и 20 куршуми 7.62 мм за автоматска пушка „калашников“.
По комплетно документирање на случајот против А.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…
(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…
Не сме глупави, нема да молчиме, не…