Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на Словачка, Петер Пелегрини

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска беше домаќинка на претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, кој престојува во официјална посета на земјава.

„Со највисоки државни и воени почести, денеска му посакав срдечно добредојде на словачкиот претседател, Петер Пелегрини.

Неговата официјална посета е потврда на долгогодишното пријателство меѓу двете држави, засновано на заемната почит и доверба на македонскиот и словачкиот народ.

Високо ја ценам активната поддршка на Словачка на македонскиот и регионалниот евроинтегративен пат.

Верувам дека денешните разговори ќе го зајакнат политичкиот дијалог и ќе отворат нови можности за поширока и подлабока економска, образовна, научна, културна и друга соработка.“ – стои во соопштението на Сиљановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска беше домаќинка на…

Најмалку 20 повредени во судир на два…

Два воза се судрија во источна Словачка…

Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората во спречувањето…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на…

Фицо: Еден од основните услови за завршување…

Еден од основните услови за завршување на…

Словачка повторно го блокира 18. пакет санкции…

Европската Унија уште еднаш не можеше да…