Претседателот на ССМ: Неделков не ги измами штрајкувачите ама направи голема грешка, требаше соодветно да го примени Законот па потоа да штрајкува

t

Ново вкрстување на ставовите во присуство на посредник ќе има неделава, но не се знае дали уште од утре. Единствено сигурно е дека и двете страни во новиот формат на преговори влегуваат со старите аргументи – просветарите бараат 18,4% зголемување на платите и скалесто усогласување со растот на минималецот а Владата останува на последно понудените 12% и К-15 од догодина.

Воведната средба работните групи ја имаа во петокот откако ден претходно до СОНК беше доставено известување за отпочнување постапка за мирно решавање на работниот спор па генералниот штрајк во училиштата беше привремено прекинат. Коментирајќи ги случувањата во образованието, лидерот на ССМ Дарко Димовски во гостување на „Здраво Македонијо“ кажа дека грешка на Неделков е што прво не го применил законот па потоа штрајкот.

„ССМ штрајкуваше во Македонски пошти и ние тоа право го применивме пред почетокот на штрајкот. На тогашниот директор тоа му беше смешно. Ние навистина почекавме 20 дена за помирување, немаше одзив од другата страна и ние го применивме штрајкот. Затоа уште првиот ден го решивме проблемот бидејќи директорот веќе немаше како да купи време. Сите мислат дека Јаким ги продал штрајкувачите. Не ги продал, едноставно најголема грешка е што не го применил ова и уште поголема грешка е неговата изјава дека државата подобро ги познава законите од синдикатот.“- Дарко Димовски, претседател на ССМ

Законскиот рок за изнаоѓање решение во процесот на помирување е 20 дена. Владата повеќе пати истакна дека се работи на тоа платите во јавниот сектор да го следат зголемувањето на минималецот, повикувајќи се на членот 8 од Законот за минимална плата според кој рокот за усогласување е шест месеци, или во случајов до септември.

Извор: Канал 5 телевизија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојди Никола, Илија има нешто да ти…

Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор се…