Претседателот на Чешка ќе стави вето на законот за истополови бракови
Чешкиот претседател Милош Земан денеска изјави дека е подготвен да стави вето на предложениот закон со кој на истополовите парови во државата ќе им се даде право за граѓански венчавки, доколку парламентот го одобри.
Предлог-законот подготвен од пратеници од целиот политички спектар денеска беше доставен до Долниот дом на чешкиот парламент, но не е одреден датум за почеток на неговата расправа.
– Би сакал да објавам дека ќе ставам вето, доколку навистина добијам за потпис таков закон, рече Земан по средбата со унгарската колешка Каталин Новак.
Земан нагласи дека Чешка веќе дозволува граѓански заедници за истополови парови, но дека „семејството е заедница само на маж и жена“. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја погоди иранската државна телевизија за…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
Жена со бугарско потекло загина во Израел
Постара Израелка со бугарски корени загина во…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…
Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…
ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…
Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…