Приватните автобуси од петок нема да возат, Арсовска не им платила од јануари

t

Приватните превозници од петок нема да возат, бидејќи Град Скопје и ЈСП „Скопје“ повторно не им плаќаат за услугата. Заклучно со јуни им се должи 140 милиони денари односно 2,2 милиони евра.

Денеска возачите излегоа на прес-конференција на која кажаа дека немаат веќе пари за гориво, должат на пумпите каде што полнат и веќе почнале да добиваат тужби. Како ќе им снемува гориво, така ќе ги паркираат автобусите и ќе ги исклучат од сообраќај.

„Последна исплата имавме за јануари и тоа само 35 проценти од сумата. Веќе не можеме да издржиме. Сакаме да им се извиниме на граѓаните и да им кажеме да не чекаат приватни автобуси на топлово оти нема да возиме“, кажа Оливер Петрушевски, возач кај приватните превозници.

Велат дека имале средба со ексдиректорот Крсте Петревски кој им ветувал исплати, но сега ЈСП има нов директор Драги Кушовски, кој уште не ги примил на средба и немаат никакви најави дека ќе добијат пари. На прес-конференцијата на беа директорите на трите фирми превозници кои склучија договор со ЈСП „Скопје“. Возачите велат дека тие ги поддржуваат, но имаат забрана од градоначалничката Данела Арсовска да даваат изјави за медиуми.

Скопје без приватни автобуси остана и во ноември 2022, исто така поради долг од 1,5 милиони евра. Тогаш Арсовска го раскина договорите со превознциите „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ велејќи дека на градот не му требаат приватни автобуси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција по пенали ја елиминира Португалија и…

Репрезентацијата на Франција е вториот полуфиналист на…

(Видео) На отворањето на стадионот, наместо во…

Огномет повреди неколку луѓе за време на…

Маж почина во воз: 12 часа го…

Јапонец починал додека се возел во воз…

Бридлав: Да и се дозволи на Русија…

САД ќе бидат домаќин на самитот на…

Додик: Ќе го предупредиме американскиот функционер, ако…

Претседателот на Република Српска и лидер на…