Приведени две лица кои подметнале пожар кај месноста Блато на Тиквешко езеро
Приведени две лица под сомнение дека предизвикале пожар кај месноста Блато во близина на Тиквешко езеро
Вчера (29.08.) во 19:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, по преземени оперативни мерки и активности ги лишиле од слобода З.К.(33) Бегниште, кавадаречко и И.И.(19) од Кавадарци, а поради сомнение дека тие предизвикале пожар на сува трева, трња и ниско стеблеста шума кај месноста викана Блато на Тиквешко езеро, во атарот на село Куманичево, кавадаречко.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгасен со вклучување на авиони од Дирекција за заштита и спасување, возила на интервентна пожарна бригада при ДЗС и територијална против пожарна единица Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, и се работи на целосно расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени две лица кои подметнале пожар кај…
Приведени две лица под сомнение дека предизвикале…
Најмалку 70 лица загинаа при превртување на…
Најмалку 70 лица загинаа кога брод со…
Филипче: Преполовени се странските инвестиции, пропадна митот…
Претседателот на опозицијата Д-р Венко Филипче, изнесе…
Уште еден голем руски напад со дронови…
Руските сили извршија уште еден голем ноќен…
Захарова за извештајот на Стејт департментот за…
Извештајот на американскиот Стејт департмент за човековите…