Приведени две лица кои подметнале пожар кај месноста Блато на Тиквешко езеро
Приведени две лица под сомнение дека предизвикале пожар кај месноста Блато во близина на Тиквешко езеро
Вчера (29.08.) во 19:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, по преземени оперативни мерки и активности ги лишиле од слобода З.К.(33) Бегниште, кавадаречко и И.И.(19) од Кавадарци, а поради сомнение дека тие предизвикале пожар на сува трева, трња и ниско стеблеста шума кај месноста викана Блато на Тиквешко езеро, во атарот на село Куманичево, кавадаречко.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгасен со вклучување на авиони од Дирекција за заштита и спасување, возила на интервентна пожарна бригада при ДЗС и територијална против пожарна единица Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, и се работи на целосно расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…