Приведена 19-годишна скопјанка: Питачела со малолетно дете, се сомничи за запуштање и малтретирање
На 01.03.2022 во 14.10 часот на бул.„Гоце Делчев“, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ја лишиле од слобода Р.М.(19) од Скопје, со престој во прифатен центар Визбегово. Таа била затекната додека питачела со малолетно дете и се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ по член 201 од Кривичниот законик.
Со неа бил извршен службен разговор во полициска станица, а бил известен и Јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Битола приведена скопјанка барана со шест…
Денеска (21.11.2023) околу 17 часот полициски службеници…
Приведена наставничка од Неготино по пријава е…
Наставничка од Неготино била приведена вчера попладне,…
Приведена 19-годишна скопјанка: Питачела со малолетно дете,…
На 01.03.2022 во 14.10 часот на бул.„Гоце…