Во Битола приведена скопјанка барана со шест потерници за осум годишна казна затвор
Денеска (21.11.2023) околу 17 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје во координација со Отсекот за компјутерски криминал при СВР -ОКП Охрид на ул.„Ружа Делчева“ во Битола ја лишија од слобода Р.С. (44) од Скопје, лице барано по шест централни потерници од МВР, по наредба на Основен кривичен суд Скопје и ОЈО Скопје за затворска казна од осум години и шест месеци.
При претресот во домот на Р.С. пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривични дела, како и предмети кои ќе помогнат во расчистување на претходно пријавени кривични дела во врска со чл.247, чл.149 и чл.251 од КЗ на РСМ. Р.С. ќе биде предадена на КПУ- Идризово за издржување на затворската казна, соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада жена повредена додека работела во фабрика…
25-годишна жена од Кратово се здобила со…
Жена физички нападнала малолетничка во автобус на…
На 16.05.2026 во 23:33 часот во СВР…
Ја удрил со тротинет и избегал: Жената…
Вчера во 14:45 часот во СВР Скопје…
Затвореници во Гватемала преземаа контрола врз три…
Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата врз…
Пронајдена почината 27-годишна жена на брегот на…
На 28.06.2025 година во ОВР Дебар е…