Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
На 05.05.2024 околу 21.30 часот на регионалниот пат Дебар – Струга, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Џепиште во координација со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Дебар ги лишиле од слобода Б.С.(34) и Д.Н.(36), двајцата од Прилеп. При преглед во возило „пежо” со скопски регистарски ознаки на рент а кар компанија, кое го управувал Б.С., а сопатник бил Д.Н., биле пронајдени и одземени една торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…
МВР информира дека синоќа околу 21 часот…
(Видео) Прилепчани се жалат: Комуналец ни наплаќа…
На старите градски гробишта во Прилеп не…
Прилеп ли е, Амазон ли е… ВРИЕ…
Локалниот огранок на СДСМ во Прилеп објавија…
По нападот во Прилеп, Центрите за социјална…
За еден месец, 37 Центри за социјална…
ВИДЕО „Наместо Младински центар, во центарот на…
„Некогашната Виша економска школа, локацијата на која…