Објавено на:

Приведени два криумчари на мигранти од Тетово

t

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ вчера ги лишиле од слобода Б.А.(35) и И.А.(63), двајцата од Тетово поради криумчарење на мигранти.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при преглед во возилото „бмв“, со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Б.А., а совозач бил И.А., биле пронајдени 10 лица – мигранти од Сирија.

Дополнуваат дека мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

– Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против Б.А. и И.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…

Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Насилник од Тетово му се заканувал на…

43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…

Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…

На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…