Приведени две лица за фалсификување исправа
На 28.12.2021 од страна на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба биле лишени од слобода С.Ј.(35) од с.Брест и Б.Х.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Имено, според пријава во 15.30 часот од член на комисија за полагање на возачки испит во испитен центар на подрачјето на Гази Баба, при проверка на лична карта приложена од кандидат за полагање на возачки испит било утврдено дека таа била фалсификувана, односно била на име А.Ј., со податоци на С.Ј., а фотографијата била на Б.Х.
При извршениот службен разговор, еден од осомничените изјавил дека фалсификуваната лична карта им ја изработило лице од подрачјето на Бит Пазар за сума од 100 евра. По целосното документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 147 лица се уапсени во немирите…
Најмалку 147 лица се уапсени откако демонстрациите…
Криминалец баран со потерница е приведен на…
Денеска (03.08.2024) околу 13.00 часот, на Граничниот…
Четворица Срби уапсени во Косово: Остра реакција…
Канцеларијата за Косово и Метохија потврди дека…
(Фото) Акција на МВР: Лишени од слобода…
Вчера (31.07.2024) околу 22.20 часот на локален…
Тигрите уапсија криминалец од Страчинци – пронајдена…
Во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата…