Приведени две лица од струшко за обид за убиство

t

Две лица од струшко се приведени во полиција поради обид за убиство на нивни сограѓанин, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, на 2 август, 30 минути по полноќ во ОВР Струга лишени од слобода се Д.У.(37) и В.Б.(36), двајцата од струшкото село Корошишта откако претходно, било пријавено дека пред продажен објект лоциран на улицата „Марк и Енгелс“ во Струга, се случила вербална расправија меѓу нив, од една и А.А. и А.У. од друга страна, од Корошишта.

– Притоа, според пријавеното,  А.А. извадил нож и замавнал кон Д.У. и го повредил по што, бил пренесен во Општата болница во Струга каде биле констатирани тешки телесни повреди, појасни портпаролот Стефан Димоски. 

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени две лица од струшко за обид…

Две лица од струшко се приведени во…

Горејќи жици и душеци, предизвикале пожар –…

На 02.08.2025 во 20:30 часот, на градската…

Приведен прилепчанец кој возел пијан на сред…

Вчера во 14:00 часот на бул.„Гоце Делчев”…

Доктор од Струга пет години земал плата…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишниот…

Струга е првата општина со систем за…

Денеска, со цел да извршам увид во…