Приведени петмина Срби во Косово: Фрлале со молотови коктели кон полицијата и КФОР
Косовската полиција соопшти дека денеска во општина Звечан се повредени неколку службеници на КФОР, поради што досега се уапсени петмина од демонстрантите (Срби).
„Демонстрантите во Звечан не ги испочитуваа официјалните наредби да си заминат, туку се спротивставија и почнаа да фрлаат разни алатки, се слушаа молотови коктели, гранати, експлозивни направи, а се слушаа и истрели. Како резултат на невоздржаното насилство, неколку офицери на КФОР досега се повредени и уапсени се петмина осомничени кои извршиле напади и насилство врз нив“, се вели во соопштението објавено на Фејсбук.
Се додава дека е запалено службено полициско возило, а оштетени се и други возила.
„Во Звечан демонстрантите предизвикаа нереди и континуирано ја провоцираа ситуацијата, покажуваа насилство, фрлаа разни предмети кон полицајците, напишаа провокативни натписи со српски и руски симболи на возилата на полицијата и на КФОР, а нанесоа оштетувања на гуми и други делови од возилата. “, се наведува во соопштението.
Косовската полиција додаде дека се оштетени неколку возила на новинарските екипи, а полицијата ги заштитила претставниците на медиумите, засолнувајќи ги на безбедно место.
Во северните општини континуирано се слушаа сирени за предупредување на опасност, а во Лепосавиќ демонстрантите фрлаа разни предмети и пиротехнички средства кон службениците и полициските возила“, се наведува во соопштението.
Според полицијата, демонстрантите биле повикани да не напаѓаат или да ги загрозуваат животите на полицајците, да го отвораат патот за службени возила и за сообраќај, а истото барање континуирано го упатувале и присутните претставници на КФОР.
Според соопштението, косовската полиција во континуитет соработувала со КФОР за менаџирање на ситуацијата.
Според нив, КФОР бил принуден да реагира бидејќи, како што велат, насилството на демонстрантите ги загрозило животите на персоналот, а причинета е и штета на возила и јавен имот.
„Косовската полиција продолжува да управува со ситуацијата во координација со КФОР и започна интензивни истраги во врска со насилството и нападите врз медиумите, припадниците на КФОР и полицијата. Протестот се уште трае, ситуацијата е се уште тензична, особено во Звечан, Таму и низ другите општини кружат вооружени криминални групи, облечени во црно и маскирани.Гледајќи ги околностите и тензичната ситуација што ја создаваат криминалните групи на северот од земјата, косовската полиција ги повикува граѓаните да останат смирени и да не наседнуваат на провокации од која било природа“, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Балканско дерби: Србија и Хрватска во ватерполо…
Актуелните светски шампиони, хрватските ватерполисти, се ривалите…
Стано за литиумот: ЕУ не би поддржала…
Европската унија нема да поддржи нешто во…
Н1: ПУКАЊЕ на границата меѓу Србија и…
Во петокот рано наутро дошло до пукање…
Мали: Србија е на прво место по…
Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали…
ТРАГЕДИЈА: Познат српски спортист се удави за…
Познатиот српски кросфит спортист Лазар Ѓукиќ се…