ПРИВЕДЕНИ СЕ РАТКО ДИМИТРОВСКИ, НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ И ЉУПЧО ПАПАЗОВ!

Предмалку полицијата ги привела двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Илијев од СДСМ и Љупчо Папазов исто така од ВМРО-ДПМНЕ, кој си даде оставка по трагедијата во Кочани дознава Инфомакс од наши извори.
Засега нема точни детали, меѓутоа градоначалниците се приведени поради трагедијата која се случи во Кочани на 16.03.2025 година во која загинаа 59 лица, а повредени се околу 200.
Кобната дискотека работела од 2012 година, мандатот на Ратко Димитровски, а работеше се до кобната ноќ.
Инаку, во текот не денешниот ден порталот Плусинфо објави дека Ратко Димитровски бил против отворањето на дискотеката, која сепак била отворена за време на неговиот мандат.
Денеска во Кочани беа погребани 30 починати, останатите беа погребани во повеќе градови низ Македонија.
Од ОЈО ја потврдија акцијата.
Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”. Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден, соопштија од ОЈО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПРИВЕДЕНИ СЕ РАТКО ДИМИТРОВСКИ, НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ И…
Предмалку полицијата ги привела двајцата поранешни градоначалници…
Студенти и членови на невладини организации приведени…
Припадниците на Министерството за внатрешни работи на…
МВР потврди: Претреси и апсења на повеќе…
Во координирана акција на МВР и Основното…
Приведен скопјанец кој учествувал во пукање во…
Нa 08.03.2025 околу 07.20 часот, полициски службеници…
Апсења во Србија за перење на пари…
Во продолжение на борбата против корупцијата, припадници…