Приведени 9 лица, меѓу нив и малолетник, одземени 269 килограми тутун

Полицијата и државниот пазарен инспекторат затекнаа неколкумина кумановци кои продавале тутун на градскиот и на пазарот во Долно Којнаре, соопштија денеска од кумановската полиција.
-Вчера полициски службеници од СВР Куманово во соработка со Државен пазарен инспекторат ги привеле Р.М. (53), Х.Р.(43), А.А.(52) , С.Ф. (69), Ф.Ј. (43) , А.С.(74), Н.И.(70), А.И.(56) и еден малолетник, сите од Куманово, затоа што на Градскиот пазар и пазарот во с.Долно Којнаре, кумановско, биле затекнати при вршење нелегална продажба на тутун. Притоа, кај нив биле пронајдени и одземени 269 килограми тутун. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, информираше полицијата.
Одземениот тутун бил предаден на Државен инспекторат за земјоделие, додека од Државен пазарен инспекторат ќе бидат преземени мерки за вршење нерегистрирана дејност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПРИВЕДЕНИ СЕ РАТКО ДИМИТРОВСКИ, НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ И…
Предмалку полицијата ги привела двајцата поранешни градоначалници…
Студенти и членови на невладини организации приведени…
Припадниците на Министерството за внатрешни работи на…
МВР потврди: Претреси и апсења на повеќе…
Во координирана акција на МВР и Основното…
Приведен скопјанец кој учествувал во пукање во…
Нa 08.03.2025 околу 07.20 часот, полициски службеници…
Апсења во Србија за перење на пари…
Во продолжение на борбата против корупцијата, припадници…