Приведен дилер од Словенија во Кочани – еве што заплени полицијата во неговиот дом
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против А.В.(42) од Република Словенија поради постоење основи на сомнение за сторено кривчно дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик.
На 09.01.2022, по претходно добиена судска наредба, од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани извршен бил претрес во куќа, при што бил затекнат А.В.(42) од Р.Словенија, а со привремен престој во РМ. При претресот пронајден е амфетамин, дигитална вага со остатоци од амфетамин, други предмети со остатоци од амфетамин, како и две пакувања со по 10 семки од растението канабис.
А.В. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Кочани, а потоа со соодветна кривична пријава предаден на надлежното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Дополнување: Нови детали за приведувањето за трагедијата…
Како дел од истрагата за трагедијата во…
ЕКСКЛУЗИВНО! ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД…
Како дел од истрагата за трагедијата во…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…