Приведен дрвокрадец од тетовска Шипковица

t

На 23.03.2024 во 18.20 часот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка при СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А.(43) од с.Шипковица, тетовско. При преглед во патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени огревни дрва з акои не поседувал документација и за кои постоои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба”.

Дрвата и возилото биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест во Тетово: Дали требаше да се…

Во Тетово се одржа протест на група…

Жена прегазена од комбе во Тетово, со…

Вчера околу пладне, 43-годишна жена од Тетово…

Жена прегазила 18-годишна девојка во Тетово и…

Уште еден инцидент со прегазен пешак се…

(Видео) Пожар во трговскиот центар во Тетово

Доцна попладнево избувна пожар во Градскиот трговски…