Приведен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица од Сирија
Денес рано наутро полицијата спречи нелегална трговија со мигранти, информираат до МВР.
Денеска (17.03.2024) околу 5 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица и ПС за ГН Михајлово го лишија од слобода М.А. (22) од Скопје, затоа што во возило „пежо” превезувал пет лица мигранти од Сирија. М.А. не застанал на даден знак од полициски службеници, но по преземени мерки и активности, возилото е запрено, а М.А. лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена кривична пројава до надлежното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР демантира дека Тошковски го наместил тендерот…
„Во врска со написите на политичката партија…
Лажни полицајци претепале маж во Центар
„На 21 јуни 2025 година, во 16:30…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…