Објавено на:

Пригожин отворил компанија за консалтинг

t

Шефот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, која се бореше на страната на Москва во Украина додека нејзините членови не организираа неуспешен бунт против руското воено раководство, деновиве основал нова компанија во Белорусија.

Тој на 19 јули го регистрирал друштвото со ограничена одговорност „Конкорд менаџмент и консалтинг“ во Белорусија, а официјалните информации се објавени во Единствениот државен регистар на правни и физички лица на Министерството за правда на Белорусија, пренесуваат руските медиуми.

Седиштето на новата компанија е селото Цел, во областа Осиповичи, каде што се наоѓа теренскиот камп наменет за сместување на борците на групата „Вагнер“ кои беа префрлени во Белорусија.

Основната дејност на компанијата е „управување со недвижен имот“.

Сопственик (основач) на компанијата е друштвото со ограничена одговорност „Конкорд менаџмент и консалтинг“ (РФ), чиј сопственик е Евгениј Викторович Пригожин, се навеудва во белорускиот регистар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…

Судот одреди парична казна од 10 илјади…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…