Пригожин: Украинците ги враќаат загубените позиции во Бахмут
Основачот и шеф на озлогласената руска платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, во текот на викендот објави дека украинските сили можеби вратиле некои од загубените позиции во југозападниот дел на окупираниот град Бахмут.
Според Пригожин, извештаите покажуваат дека украинските сили воспоставиле набљудувачки пунктови во градот и ги принудиле руските сили да реагираат. Заменик-министерот за одбрана на Украина, Хаана Маљар, исто како и другите украински функционери, тврди дека украинските сили се уште држат позиции во градот, чија целосна окупација беше прогласена од Пригожин пред две недели.
Еден од најважните украински генерали денеска објави дека украинските сили „продолжуваат да напредуваат“ кај Бахмут. Олександр Сирски, командант на украинската копнена армија, објави дека украинските сили успешно ја уништиле руската позиција кај Бахмут. Сирски не ја спомена долгоочекуваната украинска контраофанзива, но неговите коментари дојдоа откако руското Министерство за одбрана соопшти дека ја одбило големата украинска контраофанзива во Доњецк во која загинаа 250 украински војници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Инженери на Македонија“: РКЕ ја штити ЕВН…
Според Здружението, РКЕ ја погазува својата основна…
Спасен со честитка за роденденот на ВМРО-ДПМНЕ:…
Ај да ги потсетам уште еднаш нашите…
Подготовки за војна? Десетици американски воени авиони…
Анализата на податоците за следење на летот…
(Видео) Вленковци повторно одбиваат да зборуваат македонски…
Претставниците на ВЛЕН одбиваат да говорат македонски…
„Премиерот излегува ти кажува сме станале новиот…
Андреј Жерновски вели дека според Евростат, последни…