Приказна која треба да ја прочита секоја жена!
Еден топол, летен ден, една млада, тукушто омажена жена отишла во посета кај својата мајка. Седнала во фотелјата и додека пиела леден чај, почнале да зборуваат за животот, бракот, одговорностите и обврските на зрелите луѓе.
Мајката замислено ги промешала коцките лед во својата чаша и одеднаш јасно и трезвено ја погледнала својата ќерка.
„Никогаш немој да ги заборавиш своите пријателки!“ – и рекла на својата ќерка.
„Како што старееш, ќе ти стануваат се поважни. Колку и да го сакаш сопругот, колку и да ги сакаш твоите деца, твоите пријателки секогаш ќе ти бидат потребни. Не заборавај повремено да излезеш сама со нив и да продолжиш да се дружиш со нив. И запамти дека твои пријателки не се само пријателките, туку и твоите сестри и роднини. Ќе ти бидат потребни други жени. На жените секогаш им се потребни други жени!“
„Каков чуден совет…“ – помислила ќерката
„Зарем не се омажив пред кратко време? Зарем не влегов во светот на паровите? За име Божјо, јас сум омажена жена, возрасна! Не сум некоја очајна на која и се потребни пријателки! Мојот маж и моето семејство секако ќе биде се што ми е потребно за мојот живот да добие смисла.“
Но, сепак го послушала советот на мајка и и продолжила да ги одржува контактите со своите пријателки.
Како што проаѓале годините, таа полека почнела да гледа дека нејзината мајка знаела што зборува. Како што времето и природата носат промени во животот на секоја жена, пријателките остануваат најголема поддршка за неа.
Во своите 40-ти години, еве што научила:
Времето проаѓа.
Се случува животот.
Раздалеченоста раздвојува.
Децата пораснуваат.
Љубовта избледува.
Срцата се кршат.
Работите доаѓаат и одат.
Кариерите завршуваат.
Родителите умираат.
Колегите ги забораваат услугите.
Мажите имаат свој свет.
Но, пријателките остануваат покрај тебе, без разлика на времето и километрите. Пријателката никогаш не е толку далеку да не може да биде покрај тебе, тогаш кога тоа е потребно.
Додека мораш да одиш по тој осамен пат кој се вика живот и кога мораш да одиш сама, пријателките ќе бидат тука, покрај патот, навивајќи за тебе, молејќи се за тебе, трудејќи се околу тебе, ќе се заложуваат за тебе и ќе те чекаат на крајот на патото со широко отворени раце. А понекогаш дури и ќе ги прекршат правилата за тебе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…
Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…
Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…
Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…
Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…
Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…
Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…
Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…
Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…
И по 23 години од случувањата на…