Објавено на:

“Приказни за подобри времиња”: Украинската прва дама претстави книга за децата бегалци од војната

t

Првата дама на Украина Олена Зеленска на меѓународниот саем на книгата во Франкфурт пред публиката во Германија претстави книга, всушност аудио книга „Приказни за подобри времиња“.

Според пишувањата на странските медиуми, Зеленска за време на посетата на Германија во претходните денови остварила неколку политички средби, а промоцијата на најголемиот саем е само една од активностите и највпечатлива точка од нејзината посета.

Ukraine’s First Lady Olena Zelenska EPA-EFE/RONALD WITTEK

Имено, таа заедно со сопругата на германскиот претседател Елке Буденбендер во Германија започнала проект наменет за собирање средства за „Приказна за подобри времиња“ за децата бегалци од Украина.

Таа објасни дека војната во Украина предизвикала голем прилив на деца бегалци, семејствата се растргнати, а аудио книгата е начин за поддршка на тие деца и ранливи семејства. Сетот содржи пет интерактивни книги со приказни за деца на теми како удобност, љубов и оптимизам. Тие се двојазични книги со аудио книги.

Што е најважно, членовите на семејството можат да снимаат приказни преку безбедна веб-апликација, така што децата ќе можат да го слушнат гласот на својот татко, мајка или баба и дедо додека читаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Украина мора да остане неутрална

Русија инсистира Украина, како што е предвидено…

Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети

Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…

Захарова: Русија е подготвена да го реши…

Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…

Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…

Путин откри што бара од Украина

Русија не бара капитулација на Украина, туку…