Прилепска цвеќара за Валентајн остана без цвеќе и без 14.500 денари

Педесет и две годишна сопственичка на цвеќарница во Прилеп, вчера, на Свети Трифун и на Свети Валентин, во прилепската полиција пријавила дека е измамена за аранжмани со цвеќе и за 14.500 денари.
Како што соопштуваат од СВР Битола, на сопственичката на прилепската цвеќарница некое лице, телефонски ѝ порачало неколку цветни аранжмани, кои, наводно, ќе бидат платени откако ќе бидат однесени со такси возило на одредена локација во Битола.
Како што пријавила 52-годишната прилепчанка, лицето дополнително побарало од неа на таксистот да му даде 14.500 денари кои подоцна ќе ѝ бидат вратени. Таа постапила според договореното, но парите не ѝ биле вратени, по што сфатила дека е измамена.
Полицијата презела мерки да се расчисти случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Прилепскиот градоначалник се поднови со службен…
Скандалите во режија на најслабиот градоначалник во…
Потребни сме ѝ на Марина Гулеска од…
Пријатели, потребни сме и повторно на Марина…
Не се вознемирувајте: Минирање денеска во Прилеп…
Според информацијата пристигната од МАКТЕК Дооел –…
Во храмот Св. Петка во Прилеп, денеска…
Почитувани прилепчани, Ве известуваме дека утре, сабота,…
Во Прилеп денеска е ден на жалост
Денешниот ден, петок 4 октомври е ден…