Прилепчанец со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино

t

Прилепчанец со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино, по што бил задржан во полициска станица, соопшти СВР Велес.

– Вчера во 08:50 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Р.(54) од Прилеп. При сообраќајна контрола, на улица „Пекарев“ во овој град, било сопрено патничко возило „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, што го управувал Д.Р. и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3.08 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР Велес.

По насоки од јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прилепчанец со над три промили алкохол во…

Прилепчанец со над три промили алкохол во…

Разбојници нападнале 74-годишна жена на мостот Гоце…

Двајца разбојници на дрзок начин ограбиле 74-годишна…

Уапсени четворица разбојници во Скопје: Во Градскиот…

На 11.04.2026 околу 21 часот полициски службеници…

38-годишник лишен од слобода за инволвираност во…

На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници…

Три возила оштетени во пожар на Бит…

На 11.04.2026 во 04:24 часот во СВР…