Разбојници нападнале 74-годишна жена на мостот Гоце Делчев

t

Двајца разбојници на дрзок начин ограбиле 74-годишна жена на мостот Гоце Делчев во Скопје. Според информациите, тие ја нападнале жената и ѝ го одзеле накитот.

„На 11 април околу 15:30 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(39) и А.С.(28), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 74-годишна жена од Скопје, дека околу 13:05 часот на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, со употреба на физичка сила и го одзеле накитот што го носела“ соопшти МВР.

Одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката, а по целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19-годишен кумановец е уапсен, на улица нападнал…

Тинејџер на возраст од 19 години вчера…

Брутално претепана малолетна девојка, партнерот ја удрил…

Малолетна девојка била физички нападната во централното…

ХАОС ВО КАЗИНО во Кисела Вода: Кршеле…

Две лица предизвикале инцидент во казино на…

83-годишен маж загина во пожар во куќа…

83-годишен маж загинал во пожар што утрово…