Прилеп сепак, не може без Аца Лукас

t

Популарниот турбофолкер Аца Лукас годинава ќе биде главна музичка ѕвезда на Пивофест Прилеп. Веста за ,,Фокус” ја потврдија наши извори од организацијата на настанот, кој ќе се одржи од први до трети септември.

Комплетната листа на изведувачи официјално ќе биде објавена наредните денови, а како што дознаваме, покрај Лукас, ќе настапат и Хјурикејн, Тропико бенд, како и домашни изведувачи помеѓу кои ДНК, Куку леле, Бојана, Ламбе, Миле Кузмановски и многу други.

За Лукас ова ќе биде втор настап на Пивофест, бидејќи тој беше главна музичка ѕвезда и во 2016 година, и успеа да привлече илјадници посетители.

Годинава настанот е во организација на Евент Груп, а од Општина Прилеп ни изјавија дека фестивалот го поддржале со еден милион денари, средства од општинскиот буџет. Исто така, Пивофест е потпомогнат и од спонзори.

Според нашите извори од организацијата, годинава спонзорите не се истакнале премногу и го потпомогнале настанот со донации од по неколку илјади евра, а една позната пивара го откажала спонзорството.
Средствата од општината биле доволни само за бината, додека хонорарите на музичарите ќе биле покриени со буџетот од спонзорства.

Најнискиот хонорар на музичарите кои ќе настапат во Прилеп изнесувал околу 500 евра, додека пак највисокиот помалку од пет илјади евра. Суми од по неколку десетици илјади евра, колку што вообичаено изнесуваат хонорарите на познатите регионални ѕвезди, годинава на Пивофест немало.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Либанската влада се обидува да спречи одговор…

Либан работи на тоа да спречи одговор…

Ердоган ги обвини Инстаграм и другите социјални…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини…

25 нови случаи на голема кашлица за…

Во периодот од 26 јули до први…

Русите мислеа дека Украина ќе ја нападне…

Русија се сомневаше дека Украина планира да…

Орбан ги налути: Европа се плаши од…

Група од 67 членови на Европскиот парламент…