Пристигна првата реакција на Русија за изборите во Србија
Републиканската изборната комисија ја потврди победата на Српската напредна партија на предвремените парламентарни избори со 46,84 отсто гласа (1.667.801), а опозициската проевропска коалиција „Србија против насилството“ освои 23,38 отсто.
Од запишаните 6.500.666 гласачи, гласале 58,84 отсто, а околу 2,7 отсто има неважечки ливчиња.
Изборниот праг од три проценти го поминаа и Социјалистичката партија на Србија (6,59 %), национално-конзервативната коалиција „Надеж за Србија“ (5,02), а изненадувањето на годинешните избори – неодамна формираната политичка групација „Ние – гласот на народот – Бранимир Несторовиќ“ со 4,68 отсто од гласовите. Сите други листи не го поминаа изборниот праг не сметајќи ги малцинските партии. Така, меѓу другите, надвор од парламентот ќе бидат и Народната партија на Вук Јеремиќ, коалицијата предводена од Социјалдемократската партија на Борис Тадиќ и радикалите (СРС) на Воислав Шешељ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Кремљ внимателно ги следи изборите во Србија, го поздравува успехот на партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ и се надева дека тоа ќе помогне за понатамошен развој на односите.
„Тоа е исклучиво внатрешно прашање на Србија, нашата пријателска, братска Србија. Се разбира, го поздравуваме овој успех на господинот Вучиќ и се надеваме дека ќе придонесе за понатамошен развој на земјата“, изјави Песков пред новинарите, пренесува „РИА новости“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…